Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид-центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

Во ковид-центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

– Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, информираат од Министерството и изразуваат сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.

Од Министерството потенцираат дека во текот на денот постојано ќе информираат за сите нови детали околу случајот и апелираат медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.

Извор: МИА

ОЈО: Обдукција на 14 починати, продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово
Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска
Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија
Вучиќ: Србија е спремна да ѝ даде братска помош на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот