Фото: pexels-towfiqu-barbhuiya

Во која возраст повеќето луѓе се здебелуваат? До 80 отсто стануваат гојазни

Истражувањата покажуваат дека луѓето сѐ повеќе добиваат на тежина со возраста, особено околу половината.

Неодамнешните бројки откриваат дека стапките на дебелина кај возрасните не се намалени од 2019 година, пренесува „Сан“ (The Sun).

Мажите на возраст меѓу 55 и 64 години се особено изложени на ризик, а осум од десет се гојазни. За споредба, кај помладите мажи, на возраст од 16 до 24 години, само една третина го имаат истиот проблем.

Прекумерната тежина може да го зголеми ризикот од многу здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања и разни видови на рак. Податоците од 2022 година покажуваат дека луѓето во постпандемискиот период, соочени со зголемени трошоци за живот, имале дополнителни предизвици во одржувањето на здрава тежина. Експертите предупредуваат дека стресот поради финансиските притисоци и изолацијата за време на карантинот може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

Мажите на возраст меѓу 35 и 44 години исто така покажуваат високи стапки на прекумерна тежина – три четвртини од нив спаѓаат во таа категорија. Сепак, интересно е што мажите после 65-та година доживуваат благо намалување на телесната тежина. До 75-годишна возраст, само седум од десет мажи остануваат дебели.

Проблемот со прекумерната тежина е изразен и кај жените. Повеќе од две третини од жените на возраст од 55 до 64 години спаѓаат во оваа категорија, а најголемото зголемување на телесната маса се јавува на возраст од 65 до 74 години. Слично на мажите, жените почнуваат да губат тежина по 75-тата година од животот.

Д-р. Клер Хемблинг од NHS предупредува дека дебелината е една од најголемите закани за здравјето, нагласувајќи како прекумерната тежина може да го зголеми ризикот од низа болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, срцеви заболувања, мозочен удар и рак.

„Дебелината влијае на речиси секој систем во човечкото тело, го намалува квалитетот на животот и ја зголемува потребата за здравствена заштита“, рече таа.

Поради намалената физичка активност и емоционалното прејадување, многу луѓе се здебелија за време на пандемијата, што дополнително ја влошуваше кризата со дебелината. Експертите проценуваат дека дебелината предизвикува еден од 20 случаи на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот