Во Кина потврден прв случај на новиот вид коронавирус

epa08548917 A medical worker wearing a full protective outfit tests a man for the COVID-19 disease at Beijing Puren Hospital in Beijing, China, 14 July 2020 (issued 16 July 2020). EPA-EFE/WU HONG

Кина денеска го потврди првиот случај на новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија.

Центарот за контрола на заразните болести на Кина соопшти дека новиот вид е откриен кај 23-годишна жена која на 14 декември долетала од Велика Британија во Шангај.

Кинеските власти предупредуваат дека тоа претставува „голема потенцијална закана” на напорите на за спречување и контролира на ширењето на вирусот.

Се претпоставува дека новиот вид на коронавирусот многу побрзо се пренесува и е присутен во повеќе од 50 земји во светот. Поради новиот вид Кина воведе рестрикции за патувањата од Велика Британија.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот