Во Кавадарци украдени делови од агрометеоролошки станици, безвредни вон станицата

Фото: mia.mk

Општина Кавадарци во соработка со агрономскиот тим, изврши увид на агрометеоролошките мерни станици и констатира дека дел од нив се оштетени, а отстранети се и делови од станиците, информираа попладнево од општината.

– Во кординација со Глигор Тодоров, претставник од Агро Вардар, извршена е замена на деловите. Апелираме дека деловите кои се во состав на мерната станица не можат да се искористат доколку не се во склоп на самата станица, со тоа не можат да бидат реупотребени, соопштија од Општина Кавадарци.

Оттаму апелираа со укажување, да не се врши оштетување и одземање на деловите од агрометеоролошките мерни станици, се со цел подобро управување и читање на податоците. (МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот