Во „Камин Кама“ кај Трајче-Мајка на тавче селско месо   

Го знаете Трајче Толевски алијас Мајка?! Е, кој, де, не го знае Мајка. Музичарот од групата „Три Шешира“, од пред две ипол години, е сопственик на ресторанот „Камин Кама“, лоциран во населбата Ѓорче Петров. Како што вели Мајка, ресторанот е „три во едно“, односно – има сопствен паркинг простор, има две тераси, реквизити за деца и големо игралиште, а има и одлична забава, особено кога настапува самиот сопственик. Е, тогаш, игла нема кај да падне!

Што да јадете? Скара и македонски специјалитети во тава. Тавите се прават по желба на гостите и на „лице место“, а кралица на скарата е веќе прославената Камин Кама плескавица. За неа стомакот дефинитивно треба да ви биде поголем од очите.

Што јадевме ние? Селско месо – со пилешко, мелено и свинско – и со зеленчук во тава.

Кога ќе бидете тука, не ги пропуштајте ни пржените тиквички за предјадење, а од пинџурот однапред нарачајте си дупла доза.

Во видеото проверете што има Мајка да ви каже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот