Во Калифорнија пронајдена тајна лабораторија со 800 заразени глувци со Ковид

Коронавирус (ковид-19) во Северна Кореја
Коронавирус во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Нелегална лабораторија полна со инфективни агенси, медицински отпад и стотици глувци кои биле модифицирани со Ковид 19 е откриена во градот Ридли, Калифорнија, информира хрватскиот Јутарњи. Истражителите пронашле опрема и вируси како ХИВ, ковид, кламидија, рубеола и маларија во лабораторијата за време на истрагата.

Кинеската компанија „Престиж Биотек“ која е регистрирана во соседната држава Невада ја водела лабораторија.

Градоначалникот на градот Ридли, Никол Жиеба вели дека претпријатието се обидува да стане дијагностичка лабораторија.

„Никогаш немале дозвола за работа. Градските власти не ни знаеја дека лабораторијата е во таа зграда и дека работат под земја”, рече Жиеба.

Одделот за јавно здравје во Калифонија почнал да ја истражува лабораторијата во декември 2022 година. Инспекторите откриле дека зградата содржи разни хемикалии, биолошки материјали, телесни течности и стотици глувци.

Медицински инструменти и залихи кои најверојатно се развиени во лабораторијата како тестови за бременост и ковид тестови, се пронајдени во сомнителната лабораторија.

„Со оглед на тоа што сме мал град со население од 26.000 жители, бевме шокирани кога влеговме во зграда која требаше да биде празна, а е откриена лабораториска опрема и живи бели глувци”, рече Жиеба.

По неколку обиди за контакт со компанијата Престиж Биотек, властите ја обвинија за нетранспарентност и непочитување на регулативите. На 7 јули, вработените во Институтот за јавно здравје ги отстранија сите сомнителни материјали од нелегалната лабораторија.

Градоначалникот на Ридли, Никол Жиеба, рече дека градските власти, исто така, морале да спроведат специјална истрага за складиштето бидејќи станува збор за приватен имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот