Во Италија никако да се договорат за продолжување на Серија А, екипите се заканија и со штајк

твитер

Состанокот на кој присуствуваа претставници на Фудбалската федерација на Италија, Серија А и на Владата, повторно заврши без конкретен заклучок и протоколот за враќање на фудбалот е вратен на доработка.

Како што известува Скај Италија, ниту денешниот состанок на ФИГЦ, Серија А и на лекарите не даде никави резултати, а камен на сопнување е карантинот, односно доколку еден фудбалер биде позитивен на коронавирус, тогаш целата екипа ќе мора да оди во изолација и кривичната одговорност.

Да биде иронијата поголема, екипите се заканија со штрајк доколку Владата не промени две точки во протоколот.

Првата е укинувањето на задолжителниот карантин на целата екипа доколку еден играч биде позитивен на коронавирусот, а втората е гаранција дека лекарскиот тим и челниците на екипата нема кривично и правно да одговараат доколку некој се зарази од ковид-19.

Се очекува измените во протоколот да бидат направени во текот на денот бидејќи за вечерва е закажана средба помеѓу италијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора и претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот