Протест против смртна казна во Иран/Фото: Martin LELIEVRE / AFP / Profimedia

Во Иран јавно погубен маж осуден за убиство на лекар

Маж осуден за убиство на лекар во југозападен Иран беше јавно погубен вчера, соопштија иранските власти, објави Ал Арабија.

Казната за убиството на д-р Давуди „беше јавно извршена утрово во Јасуџ“, главниот град на покраините Кохгилује и Бојер Ахмад, според официјалната судска новинска агенција Мизан Онлајн.

Пресудата на човекот беше финализирана по психијатриска проценка и одобрување на казната од страна на Врховниот суд , соопшти судството.

„Извршувањето на оваа казна е порака до оние кои сакаат да ја нарушат безбедноста на општеството и граѓаните“, рече покраинскиот обвинител Вахид Мусавијан, според Мизан.

Иран, кој извршува егзекуции со бесење, има втор најголем број егзекуции во светот по Кина, според групите за човекови права, вклучувајќи ја и Амнести интернешнл.

Повеќето егзекуции се извршуваат во затвори, иако повремено се извршуваат јавни бесења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот