Во Хрватска вакцинирани околу 46.000 луѓе, 80 имале лесни несакани ефекти

epa08905729 Patient Branka Anicic (C) receives a vaccine from doctor Miro Hanzevacki (L) against COVID-19 at Home of Elderly people 'Tresnjevka' in Croatian capital Zagreb, 27 December 2020. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска до овој викенд вакцинирани се околу 46.000 граѓани, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ”.

Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај еден човек и изјави дека лекарите се подготвени да се „соочат и да ја решат” ситуацијата.

Во изјава за ХТВ таа додаде дека „некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката” се очекуваат по втората доза на вакцинација, но не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.

– Епидемиолошката слика станува се подобра, но треба да бидеме претпазливи кога ги олеснуваме мерките бидејќи се шири нов мутиран вид на вирусот, рече Алемка Маркотиќ

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот