Во Хрватска уапсен па пуштен на слобода Горан Грујевски, обвинет за масовното прислушување

Во Загреб вчера бил уапсен Горан Грујевски кој со години се бара со меѓународна потерница за масовното прислушување, објави Клан ТВ. Тој денеска бил пуштен на слобода, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, одлуката да се пушти на слобода е поради тоа што на Грујевски му бил одобрен азил во Грција.

Македонското МВР добило известување дека вчера Грујевски бил приведени, но денеска им пристигнало известување дека е ослободен.

Горан Грујевски беше началник на Петтата управа во МВР. Заедно со Никола Бошковски се главни обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Грујевски беше обвинет и во случајот „Тврдина 2“, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување.

Тој е во бегство од 26 јули 2017 кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.

Мијалков куртули за Таргет-Тврдина, му застари делото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот