Кадри Весели е во притвор во Хаг и чека судење за злосторствата на ОВК/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК

Судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими во Специјалниот суд во Хаг ќе продолжи денеска, пренесува Газета експрес.

Обвинетиот ќе се појави на следното судско рочиште од 9 часот.

За месец мај се планирани десет рочишта.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи беа обвинети од Специјалниот суд по шест точки од обвинението за злосторства против човештвото: прогон, затвор, други нехумани дејствија, тортура, убиства и грабнување на лица.

Тие се обвинети и за воени злосторства, незаконско или самоволно апсење и лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот