Во Грција расте бројот на нови случаи на корона, 40 деца се заразиле во летен камп

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Грција денес регистрираше 1.997 нови случаи на коронавирус, како и 12 смртни случаи, објави Националната организација за јавно здравје.

Грција потврди 435.018 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, објави агенцијата АНА.

Досега 12.758 луѓе починаа од вирусот во оваа земја.

Просечната возраст на новозаразените е 43 години, а на смртните случаи се 78.

Најмалку 40 деца и неколку возрасни лица во два летни кампови во северна Грција и Крит се позитивни на коронавирусот,  објавија денес локалните медиуми.

Првата епидемија е регистрирана во камп во регионот Ханија на западен Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, објави весникот „Катимерини“

Според zarpanjuz.gr, се верува дека претставниците на кампот знаеле за инфекциите уште во понеделникот, но на почетокот тие негираа дека се заразени.

Летниот камп ќе се затвори до 15 јули и ќе биде потребен негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори.

Исто така беше речено дека нема да бидат дозволени посети.

Втората епидемија е регистрирана на северот на Грција, во регионот на Халкидики, каде биле заразени 14 тинејџери.

Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги зеле од кампот. Официјални лица од кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои биле сместени заразените деца.

Кампот, патем, е домаќин на стотици деца секоја сезона, претежно од Солун и Халкидики

Видео на денот