Во Грција пронајдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете, пренесува „Катимерини“.
Препорачано
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Од мигрантите, само еден Авганистанец беше хоспитализиран, додека пак 43-годишниот криумчар од Ирак бил уапсен, а бродот бил запленет.
Еден ден претходно, близу островот Икарија, властите по дојава дека брод испуштил група недокументирани мигранти на карпест дел од крајбрежјето поради што дека некои не успеале да стигнат до брегот, започнале операција за пребарување и спасување, по што било пронајдено тело од четиригодишно момче
Вкупно 45 мигранти беа спасени и однесени во локален здравствен центар како превентивна мерка, соопштија властите.
Во потрагата учествувале патролен брод на крајбрежната стража, патролен чамец, приватен брод и хеликоптер на грчките воздухопловни сили.


