Во глечер пронајдени остатоци од авион што се урнал во 1968 години во Швајцарија

Илустрација/ Фото ЕПА

Остатоци од авионот што се урна на швајцарските Алпи во 1968 година се пронајдени во глечер 54 години подоцна, соопшти полицијата. Остатоците од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч. Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.

„Истрагата утврди дека станува збор за делови од „пајпер чироки“, со регистрација HB-OYL, кој паднал на таа локација на 30 јуни 1968 година. Понатамошната работа ќе биде преземена што е можно поскоро“, се вели во соопштението на полицијата.

Локалниот весник 24часа објаснува дека во авионот имало учител, лекар и неговиот син, сите од Цирих. Тогаш беа пронајдени нивните тела, но не и остатоците од авионот.

Остатоците ги забележал планинар. Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката на искачување е променета така што сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот