Во Германија се шири теорија на заговор заради документи од 2012 година

Фото: ЕПА

„Седум милиони мртви, за три години, недостаток на храна и преоптеретен здравствен систем кој нема да може да ги згрижи сите пациенти, па заради тоа многу и ќе умрат.“

Ова е сценариото од „Анализа на ризикот за заштита на населението“ на германската влада, од 2012 година, во кое се разработуваат мерките и последиците од двете можни природни катастрофи: поплави и пандемии.

Дел од анализа под наслов„Пандемија на вирусот Моди-САРС“ кој ја изработил угледниот германски институт Роберт Коч , во соработка со надлежните државни служби, пишува Дојче Веле, дека во анализата се разработува сценарио за појава на нов вид на САРС, во југоисточна Азија и тоа со преминување од дивите животни кои се продаваат на азиските пазари, на човекот. 

Се наведува, теоретски, дека новиот вирус од Азија може да доспее во Европа, во февруари и во тој случај, врвот на епидемијата во Германија би бил во април. После тоа, според прогнозата, би биле потребни барем три години за излез од кризата.

Зошто баш Моди- САРС?

Ви звучи познато? Да, и затоа овој документ изминатите недели често се користи како темел за повеќе теории на завера. Во една статија на потрталот {Wallstreet-Online}, чиј автор е јутјуберот Хеико Шранг, тврди дека во врска со новиот коронавирус постои „таен план“ на германската влада од 2012. Истото го сугерира и јужноафриканскиот професор Волтер Веит. Двајцата го истакнуваат фактот дека пандемијата која е опишана во документот е скоро идентична со сегашната состојба.

Се разбира, на многу им се наметнува прашањето: Нели е навистина чудна коинциденцијата? Дали германската влада знаела дека ќе се појави нов коронавирус и ако знаела, што се крие зад тоа?

Ништо! Всушност, таквите  сценарија ги  создаваат специјалисти врз основа на некои реалистични можности (пандемија, поплава, суша) за да може државата и општеството да бидат подготвени во можна кризна ситуација. Освен тоа, овој документ не е никаков „таен план“ туку известување на Организацијата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Не се совпаѓа баш се!

Во потрага по тие „теории на завера“ тргнал и назависниот портал за истражувачко новинарство Коректив. На неговото прашање упатено до институтот Роберт Коч, појаснуваат: „Изборот на вирусот САРС е заради тоа што  природната варијаната на тој вирус од 2003 година придонесе многу здравствени организации да бидат доведени до нивните крајни граници“.

Имено во 2002/2003 година од САРС, во 30 земји се разболеле повеќе од 8.000 и умреле околу 800 луѓе. Иако сценариото од Анализата во многу работи се совпаѓа со сегашната ситуација, има и разлики. На пример, во сценариото, специјалистите тргнуваат со податокот дека новиот вирус подеднакво ќе ги загрози сите старосни групи на население, а не само оние најстарите и хронично болните, а се тргнува и од смртноста која е 10 посто, и која за среќа не се исполни.

Спорниот доктор Веит

И покрај логичните објаснувања, споменатиот професор Веит во видеото на Јутјуб, кое се прегледува на социјалните мрежи во Регионот како доказ за постоење на план укажува на фактот дека пандемијата ќе се искористи како повод за воведување на вонредна состојба, а после и воена состојба. Во забраната за собирање заради спречување на вирусот, тој гледа мерка за контрола на луѓето. Во Србија веќе се повлекуваат паралели меѓу тие прогнози и прогласувањето на вонредната состојба.

Стравот како причина за верување воfake news“

Веит во своите видеоснимки исто така потсетува дека германскиот пулмолог Волфганг Водарг, поранешен пратеник во германскиот Бундестаг,  тврди дека и овој вирус не е ништо ново и дека мерките за намалување  на неговото ширење се претерани. Тој изнесува теза дека зад појавата на овој вирус постојат финансиски и политички интереси. Подоцна неговите тези се побиени во централниот јавен сервис АРД.

Специјалистот за теории на завери, Џулија Силбербергер во изјава за германската новинска агенција ДПА, ги повика медиумите да престанат да шират теории на заговор. Таа истакнува, дека моменталната состојба кај многу луѓе создава несигурност и страв и додава: „Токму затоа, многу луѓе се склони во верување во лажни вести и таканаречени специјалисти кои сакаат да ги убедат дека вирусот е создаден во лабораторија.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот