Во еден ден Србија остана без 15.000 парчиња оружје

Оружје илустрација / Фото Архива на СП

Во центарот за рециклажа во Железник денеска биле уништени околу 15.000 парчиња оружје, со што е продолжен процесот на уништување на оружје кое српското министерство за внатрешни работи, го спроведува веќе неколку години.

– До сега се уништени повеќе од 100.000 парчиња оружје. Денеска се уништени околу 15.000 парчиња оружје, од што 14.000 од нив биле собрани од министерството за внатрешни работи во различни постапки – кривични, прекршочни или управни. Се ова не би било можно без соработка со партнерите, во прв ред со Европската унија и УНДП – рекол помошникот министер за внатрешни работи, Жељко Веселиновиќ, кој присуствувал на настанот.

Координаторот на проектот Јелена Бујаковиќ од УНДП ја истакнала значајноста на овој настан, кој како што таа порачала, допринесува на активностите кои српското министерство за внатрешни работи ги спроведува во согласност со националната стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот