Во Делчево и Македонска Каменица картички за зелена нафта добија нови 129 корисници

Во Делчево и Македонска Каменица продолжува доделувањето картички за зелена нафта за корисниците кои аплицирале во тековната 2020 година. Од подрачната единица на МЗШВ Делчево информираат дека за новите корисници на зелена нафта годинава поддршката е зголемена за 50 проценти.

-Во Делчево и Македонска Каменица картички за зелена нафта добија нови 129 корисници. Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и ќе можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел за земјоделска механизација”. Кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта за земјоделска механизација минатата година изнесуваше 30 проценти додека, оваа година поддршката е зголемена на 50 проценти, истакнаа од подрачната единица на МЗШВ Делчево.

Како што додадоа, во овој период кога се во тек жетвените активности земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво заради што во моментот се врши распределбата на картички.

-Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година. Досега со новите корисници се распределени околу 1.400 картички на земјоделците од делчевскиот и каменичкиот регион, додадоа од делчевската подрачна единица на МЗШВ.

За користење зелена нафта за земјоделците од регионот на Делчево и Македонска Каменица минатата година беа издвоени 2,5 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот