Во Дебар и Центар Жупа гласаа 87 болни и изнемоштени лица
Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас во домашни услови денеска го остварија 87 болни и изнемоштени лица што е за 50 повеќе од изборите во октомври 2021 година.
Препорачано
-Во општина Дебар од доставените 83 барања беа прифатени 80, а гласаа 76 болни и изнемоштени лица. Денеска и изборниот материјал е распределен без проблеми и очекуваме утре се да мине во најдобар ред, изјави за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Рилинд Хаса.
Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, во општина Центар Жупа за гласање во својот дом биле пријавени 12 лица, а денеска гласале 11.
На последните локални избори во општина Дебар правото на глас го оствариле 20, додека во Центар Жупа 17 болни и изнемоштени лица.
Утре во општина Дебар изборниот процес ќе се одвива во 27 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 19 762 граѓани или 551 повеќе од последните локални избори.
Во соседната општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7 551 или 234 повеќе споредено со изборите пред четири години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
20мин
-
36мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


