Во чест на Шекспир Британската амбасада организира проекција на „Кралот Лир“ во Драмски театар
Британската амбасада во Скопје во соработка со НУ Драмски театар Скопје по повод одбележувањето на 23 април – Денот на англискиот јазик и роденденот на Вилијам Шекспир, организира проекција на претставата „Кралот Лир“. Проекцијата е во режија на Џонатан Манби, а во улогата на кралот Лир се појавува познатиот актер Сер Иан Мекелен.
Препорачано
„Кралот Лир“ доби критики со пет ѕвезди на театарскиот фестивал во Чичестер. Режисерот Џонатан Манби креираше современо препрочитување на Шекспировата нежна, насилна и трогателна драма.
За „Кралот Лир“ многумина сметаат дека е најголемата трагедија некогаш напишана. Кралот Лир гледа двајца остарени татковци – едниот е крал, а другиот е дворјанин – кои ги отфрлаат децата што вистински ги сакаат. Нивното слепило ослободува торнадо од немилосрдни амбиции и предавства, додека семејството и државата се втурнати во насилна борба за моќ со горчлив крај.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 277, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-21.4.2025)


