Фото: Општина Чаир

Во Чаир се гради вториот од трите предвидени базени

Во oсновното училиште „7 Mарт“ денеска започна изградбата на затворен базен со должина од 25 метри и ширина од 8,8 метри, со променлива длабочина за учење и тренинг – проект вредeн еден милион евра. Ова евториот од трите предвидени базени што треба да се градат на нејзина територија.

На започнување на градеѓните работи, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потсети дека едниот базен во ОУ „Исмаил Ќемали“ треба да биде завршен за две-три недели, додека за третиот базен на територија на Општина Чаир, во рамки на кампусот на Универзитет „Мајка Тереза“, веќе е потпишано одобрението за градба.

Оваа инвестиција создава соодветни услови секој ученик да го научи пливањето и да ги развива своите спортски способности во безбедни услови. Се отвора можност за организирање на локални натпревари за унапредување на пливачкиот спорт на повисоко ниво, а предвиден е и развој на синхронизирано пливање, нуркање и создавање нов кадар на тренери и спасувачи во вода – изјави Меџити.

Објектот ќе располага со соблекувални, одвоено гардероби, тушеви, санитарни простории, простории за тренери и судии, како и простории за спортска опрема.

Изградбата, како што е најавено, ќе се реализира со челична конструкција и армиран бетон согласно современите стандарди и безбедност и енергетска ефикасност, додека осветлувањето и термо-техничките системи се проектирани со современи решенија за одржливо функционирање.

Базенот се интегрира во постојниот простор на ОУ „7 Март“, при што се задржуваат постоечкиот пристап и паркинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот