Во Чаир ќе никне мега парк со 500 нови дрвја и садници, најави Град Скопје
500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник, 2 нови спортски игралишта, 2 нови детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, како што соопштија од Град Скопје, ќе има во мега паркот во Чаир кој ќе се протега на површина од 30.000 метри квадратни.
Препорачано
На просторот на ул.„Македонско косовска бригада” од крстосницата со „Втора Македонска бригада” до крстосницата со „Џон Кенеди” дополнително е предвидена изведба на фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.
„Со тоа паркот ќе биде место кое ќе придонесе за подобар квалитет на животот, животната средина и ќе биде катче во кое жителите ќе имаат содржини за прошетка и рекреација во слободното време”, велат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека ова е една од бројните мерки кои меѓусебно се надополнуваат, Скопје да го решава долгорочно предизвикот со загадувањето.
Изборното ветување беше дека мега паркови ќе се градат во Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, а во завршна фаза е паркот во Ѓорче Петров.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
34мин
-
36мин
-
39мин
-
53мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


