Избори во Бугарија / Фото: Профимедиа

Во Бугарија денеска се гласа на седми парламентарни избори за пет години

Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните пет години, во кои право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани.

Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. За 240 пратенички места се натпреваруваат вкупно 4.786 кандидати .

Гласањето ќе трае до 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот на местата каде што ќе има поголем одѕив.

Дали регионот ќе добие нов Орбан?

Инаку, гласањето се одвива на речиси 12.000 избирачки места низ целата земја, а организирани се и стотици гласачки пунктови во странство, во вкупно 55 држави. Обезбедени се и мобилни гласачки кутии за лица со попреченост.

Овие избори доаѓаат во услови на продолжена политичка нестабилност, проследена со  чести изборни процеси во Бугарија во изминатите неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот