Во болниците се лекуваат 806 ковид-пациенти, 340 се во Скопје

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Вкупно 806 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ  Македонија и тоа 340 во Скопје и 466 во болниците во другите градови. Има околу 864 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, во Тетово 11,  Велес 59,  Куманово 57, Охрид 55, Прилеп 40,  Гостивар 5 и во Струга 14. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 50 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 10, во Кавадарци 24, а во Гевгелиј шест пациенти.
Во главниот град се  хоспитализирани 340, а 22 се нови пациенти примени во изминатите 24 часа. На Интерните и хируршки клиники имало седум приеми, во ГОБ „8 Септември” 13 и двајца билe примени на Инфективната клиника. Во Козле и на Институтот за физикална медицина немало примени болни, a на Клиниката за детски болести имало еден прием. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти. Во  ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент, во ГОБ „8 Септември” има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19, а на Гинекологија нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има седум болни.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здравство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 330 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот