Во БиХ се уште не е постигнат договор за изборните реформи

Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

Во Федерацијата БиХ не е постигнат договор по серијата неколкучасовни разговори во изминатите три дена за промени во изборното законодавство на меѓународните претставници со политичките лидери.

Специјалниот претставник на САД задолжен за изборниот закон во БиХ, Метју Палмер очекува договор да биде постигнат до крајот на годинава. Во изјава за Ал Џезира Балкан, Палмер рече дека сега партиите знаат што е на маса и дека треба „сериозно да ја сфатат работата”.

Лидерите на партиите во БиХ разговараа за изборната реформа со Палмер и со директорката на службата за надворешни работи на Европската унија, Анџелина Ајхорц.

Метју Палмер EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Палмер повтори дека БиХ ја има целосната поддршка од САД.

„Сигурни сме дека ова е можност да се позанимаваме со изборните реформи и ограничените и насочени промени на Уставот (БиХ). Тие реформи би ја зајакнале институционалната рамка на Босна и Херцеговина и изборите во есента следната година би биле потранспарентни и поодговорни, а граѓаните на Босна и Херцеговина би биле сигурни дека нивниот глас се брои и дека ќе се одрази на државните институции”,  изјави Палмер.

Ајхорц пак изјави дека „се уште е рано за договор”, но дека активно се работи на тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот