Реџеп Рахамановски / Фото: Belgian Federal Police

Во Белгија е пронајден скелет на Македонец исчезнат пред 23 години

Во бриселската населба Форест, минатото лето во подрум во куќа пронајден е скелет на македонскиот државјанин Реџеп Рахамановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот, како што соопшти полицијата, бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.

По анализа, утврдено е дека скелетот припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот