Во Австрија од полноќ почнува полициски час за невакцинираните
Владата на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните, која стапува во сила на полноќ, заради спречување на ширењето на коронавирусот.
Препорачано
Според указот на Владата, на невакцинираните граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во наредните 10 дена, освен поради основните активности, како што се одење на работа, во продавница, на прошетка или да се вакцинираат, пишува Радио Слободна Европа.
Властите се одлучија на тој чекор поради зголемениот број смртни случаи од последиците на коронавирус и можноста за преоптоварување на болниците.
Канцеларот Александар Шаленберг изјави дека владата донела одлука за затворање на невакцинираните, зашто нејзина работа е да ги заштити луѓето.
Забраната, која ќе трае 10 дена, ќе погоди околу 2 од 8,9 милиони Австријци. Таа не се однесува на децата до 12 години, кои засега не може да бидат вакцинирани. Владата побара од полицијата да проверува дали присутните на јавни места се вакцинирани.
Во случај на прекршување на забраната, невакцинираните граѓани може да бидат казнети до 1450 евра.
Австрија, каде што се вакцинирани 65 отсто од жителите, има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа, а во изминатите недели дојде до зголемување на бројот на нови инфекции.


