Петличковски: Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани

Александар Петличковски
Д-р Александар Петличковски / Фото: Screenshot/ТВ 24

Јас ги оправдувам рестриктивните мерки коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата, вели доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија за РСЕ во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, се уште не се знае колку долга ќе биде периодот на заштита од третата доза, или таканаречениот „бустер“ против Ковид-19.

Рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал, лекување во случај на заболување на трошок на тој кој не се вакцинирал, вели тој.

Вели дека опуштањето има влијание на зголемувањето на бројките, а уште повеќе имаат влијание условите надвор, во зимски услови кога повеќе време поминуваме на затворено, е очекувано и сите практично очекувавме зголемување на бројките.

– Но да, имавме значително опуштање, бидејќи кон крајот на летото имавме одлична ситуација. Исто така и вакцинацијата не ја завршивме така како што би требало да ја завршиме, така што оставен е голем простор на вирусот и тој тоа го користи овие денови, вели Петличковски.

Според неговото мислење, големата стапка на смртност од Ковид-19 во Македонија се должи на повеќе фактори, меѓу кои и тоа што ние не сме развиена европска земја.

– Имаме проблем дефинитивно. Смртноста ни е висока споредено со смртноста во развиените земји, ама ние не сме развиена европска земја и имаме недоволно развиен здравствен систем. Сигурно дека коморбидитетите влијаат на зголемување на смртноста. Имаме и дополнителен проблем со неприфаќањето на болеста и нејавувањето навреме. И тоа е сигурно, но имаме и лоши услови во здравствениот систем, немаме ни доволно капацитети и сите елементи комбинирани придонесуваат за оваа висока смртност, која е слична во регионот. Со развојот на државата и здравствениот систем, ќе се подобруваат условите и ќе се намалува смртноста, но во моментот не сме таму, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот