Во авион била заборавена патичка која спиела- Слободен печат
ВестиПланета

Во авион била заборавена патичка која спиела

Имено, Тифани Адамс, според сопствено тврдење, спиела во длабок сон при слетувањето во Торонто и очигледно не била забележана од екипажот, известуваат неколку канадски медиуми. 

Во авиокомпанијата Ер Канада беа предизвикани турбуленци, откако се случи еден несекојдневен случај со заборавена жена во авион.

Имено, Тифани Адамс, според сопствено тврдење, спиела во длабок сон при слетувањето во Торонто и очигледно не била забележана од екипажот, известуваат неколку канадски медиуми.

Таа се разбудила дури подоцна во празниот, мрачен и во меѓувреме ладен авион. Бидејќи батеријата на нејзиниот мобилен телефон била празна, не можела телефонски да повика помош.

И уредот за радиоврска во пилотската кабина не функционирал поради исклучената електрична енергија во авионот.

Жената прво имала чувство дека е во кошмар, но подоцна се созела и се концентрирала на дишењето за да спречи запаѓање во паника.

Конечно, пронашла една рачна светилка и успешно испратила сигнали, кои случајно ги забележал еден аеродромски службеник во поминување и со скала ја извлекол од авионот.

За жената потоа се погрижиле соработници на авионската компанија Ер Канада, која не дава коментар за случката, но во меѓувреме истражува како можело да се случи патничката да биде заборавена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close