Во Авганистан продолжија борбите меѓу безбедносните сили и талибанците

Безбедносните сили почнале со операции во областите во близина на Лашкар Гаха, главниот град на јужната провинција Хелманд, во кои биле убиени 34 бунтовници, се вели во соопштението на началникот на покраинската полиција.

Жестоките борби меѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските бунтовници продолжија по тридневниот прекин на огнот, на кој се придржуваа двете страни за време на муслиманскиот празник Бајрам, соопштија локалните властите.

Безбедносните сили почнале со операции во областите во близина на Лашкар Гаха, главниот град на јужната провинција Хелманд, во кои биле убиени 34 бунтовници, се вели во соопштението на началникот на покраинската полиција.

Во северната провинција Баглан, безбедносните сили убиле 25 бунтовници во областа Баглан Маркази, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во областите во близина на главните градови на провинциите Хелманд и Баглан се водеа жестоки борби пред тридневниот прекин на огнот.

Талибанците не ги коментираа нивните жртви, но рекоа дека продолжиле со бунтот.

Авганистанските власти соопштија дека Талибанците ги засилиле нападите откако Вашингтон објави планови за повлекување на сите американски трупи до 11 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот