Во Амстердам е отворено 5D порно кино во квартот „Црвени фенери“

Амстердам ја одведе порнографијата во незамислива територија – петтата димензија.

И ова е благодарение на новото секс кино наречено „5D Porn“, кое ги привлекува клиентите со обединување на „гледање, слух, чувство и движење“.

Внатре посетителите гледаат „3D“ филмови, но со додадени различни сензорни ефекти – ветер, вода, светла и други, се синхронизираат со дејството на екранот.

За да го направат искуството уште повозбудливо, седиштата се движат и вибрираат.

Натали, сопственичката на киното, изјави за „Daily Mail“ дека филмовите што се прикажани беа направени исклучиво за киното во соработка со порно ѕвездата Ким Холанд.

Секој билет за влез им овозможува на гостите да гледаат филм, кој има шест проекции на час.

„Филмот е за човек кој пристигнува во Амстердам и се запознава со квартот „Црвени фенери“ на многу позабавен и посекси начин. Во него има многу хумор. Забележавме дека жените исто така го сакаат. Тука не станува збор за мажи, кои влегуваат внатре да ја завршат „својата“ работа“, вели Натали.

Киното се наоѓа во „De Wallen“, средновековниот центар на Амстердам, и е отворен во сабота.

Цената на билетот е 12,50 евра за искуство кое трае шест минути. Билетите може да се резервираат онлајн на „www.5dporn.nl“ или да се купат на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот