Во алманахот „Власите и Скопје“ од Марија Неделковска се опфатени историски процеси на Власите кои се доселиле во Скопје

Насловна корица на алманахот

Неодамна од печат излезе алманахот „Власите и Скопје“ од младата авторка Марија Неделковска. Станува збор за двојазичното книжевно дело (на македонски и на влашки јазик), прво од ваков вид кај нас во кој се опфатени одредени процеси на Власите кои се доселуваат во Скопје.

Авторка на текстот е Марија Неделковска, а преводот на влашки јазик е на Мирјана Јана Николовска – Неделковска.

Aлманахот претставува краток приказ на одредени историски процеси на Власите, животни премрежја низ кои поминале, на потеклото и занимањето, на првите пишани извори за доселувањето во Скопје и скопско, особено во периодот по Илинденското востание, како и на автентичните национални симболи.

Сточарството како основно занимање, а подоцна и трговијата, биле дополнителна причина Власите да бидат раселени и во голема мера да учествуваат во градењето на чаршијата во повеќето градови низ Балканот и пошироко. Власите на Скопје му дале еден друг лик развивајќи ги трите стопански гранки – занаетчиството, трговијата и транспортот.

Покрај времето кое засекогаш изминало, во еден дел, авторката се осврнува и на дел од денешницата. Објавата на алманахот „Власите и Скопје“ е финансиски поддржана од Советот на Град Скопје, кој овозможи двојазичната книга да ја види светлината на денот и на тој начин даде потврда дека го негува мултијазичниот и мултикултурниот аспект на градот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 219, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25.02.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот