Во академската 2022/2023 година запишани вкупно 53.821 студент, од кои 77,7 отсто на државните факултети

Студенти/ Фото: ЕПА

Во академската 2022/2023 година на високите стручни школи и факултетите во државата се запишале 53.821 студент, што е раст за 4,2 осто во однос на 2021/2022 година.

Согласно податоците од Државниот завод за статистика, 57,5 проценти од вкупнниот број запишани на додипломски студии се студентки. Најголем број од студентите или 77,7 отсто се запишале на државните факултети, а 22,3 проценти на приватните.

-На прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 15 097 студенти или 28,1 отсто – тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати, наведува ДЗС во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот