Во 24 градови пронајдени и одземени дрога и оружје (ВИДЕО)

Фото: Илустрација

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација и заеднички со сите осум СВР-а, биле реализирани симултани претреси во вкупно 24 градови (Скопје, Куманово, Кратово, Велес, Свети Николе, Македонска Каменица, Штип, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Пробиштип, Кочани, Виница, Делчево, Неготино, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Дебар и Кичево), на вкупно 54 локации.

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против улично дилерство во рамките на криминалистичкото истражување запленети се околу 22 кг. марихуана, 545 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, 1.880 мл.метадон, околу 200 парчиња таблети (МДМА и екстази), амфетамини, хероин и хашишово масло. Покрај ова одзмени се и три пиштоли, една ловна пушка, една рачна бомба-кашикара, 56 куршуми различен калибар, по четири ваги и дробилки, како и седум патнички моторни возила и еден мотоцикл.

Вкупно се поднесени 30 кривични пријави, против 36 лица, од кои за 18 е одредена мерка притвор и една мерка претпазливост, а за едно лице е распишан и централен распис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот