Доналд и Каи Трамп: Kent Nishimura / Pool via CNP /MediaPunch / imago stock&people / Profimedia

Внуката на Доналд Трамп откри каков е тој кога ќе се изгаснат камерите: „Тој е кул дедо“

Осумнаесетгодишната внука на Доналд Трамп, Каи Трамп, неодамна гостуваше во популарниот поткаст „Импалсив“ (Impaulsive), на Логан Пол, каде што откри каков е нејзиниот дедо далеку од очите на јавноста, пишува „Унилад“.

Инфлуенсерката и матурантка зборуваше за семејниот живот, политиката и необичните ситуации со кои се соочува како членка на едно од најпознатите семејства во светот.

Каи, ќерка на најстариот син на Трамп, Доналд Трамп Помладиот, и Ванеса Трамп, го опиша својот дедо како „кул дедо“ кога нема камери и јавни настапи.

Разговорот тргна во таа насока откако водителот се присети на средбата со претседателот за еден од неговите рани видеа на Тикток, при што спомена дека личниот готвач на Трамп тогаш подготвувал ракчиња.

Иако нејзиниот дедо е претседател на САД и еден од највлијателните политичари во светот, Каи истакна дека целосно се држи настрана од политиката.

„Искрено, целосно се дистанцирам од политиката“, изјави таа.

„Никогаш не би се кандидирала. Не сакам да имам никаква врска со политиката, затоа што сметам дека таа е многу опасна работа“, рече Каи. Според неа, на сите би им било подобро доколку политичките ставови се доближат до средината. „Постои радикална левица, радикална десница, и премногу луѓе кои стануваат екстремни.“

Тинејџерката дел од вината за ваквата поларизација ја гледа и во социјалните мрежи.

„Токму тука социјалните мрежи навистина се вмешуваат, бидејќи го туркаат вашиот содржај или на едната или на другата страна“, објасни таа. „Речиси и да нема содржина што е некаде на средина, и мислам дека тоа некои луѓе ги доведува до лудило, а други почнуваат премногу да веруваат во тоа.“

И покрај нејзината неутралност, Каи јасно стави до знаење кого поддржува.

„Нема лоша крв, јас сум навистина неутрална, но ситуацијата е таква – тие се кандидираа еден против друг и, секако, ќе го поддржам мојот дедо, член на моето семејство“, рече таа.

Во интервјуто, Каи откри и како изгледа животот со постојана придружба од агенти на Тајната служба.

„Искрено, навистина е непријатно кога седиш на состанок со момче, а тие се на две маси зад тебе“, призна таа, додавајќи дека се труди „колку што може помалку да обрнува внимание на тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот