Внимавајте што купувате за децата, се продаваат опасни дуксери, комплети и фармерки

фото: Пазарна инспекција

Во контролите низ државава Пазарната инспекција отстранила 247 пара на детски фармерки, 13 детски комплети, но и еден куп на дуксери кои имале врвки на качулката и сите со потекло од Турција

Детски дуксери со врвки на качулката, комплети на тренерки кои не се по стандарди, кациги без докажана безбедност, детски фармерки се само дел од производите кои се отстранети од инспекторите изминатиот период. Во контролите низ државава Пазарната инспекција отстранила 247 пара на детски фармерки, 13 детски комплети, но и еден куп на дуксери со врвки од кои можеле да се задават бебињата. За сите нив заедничко е што се со потекло од Турција. Според соопштенија на Пазарниот инспекторат отстранети се неколку типови на дуксери, но и шлемови за работа, кациги за заштита од паѓање, играчки, медицински ленти. За разлика од минатата година кога проблематични биле главно играчките, годинава прва на листата е детската облека.

– На пазарот е пронајдн детски дуксер со врвки во пределот на качулката. Може да дојде до давење. Не е во согласност со стандардот за безбедност на детска облека. Се препорачува на потрошувачите доколку набавиле ваков производ истиот да престанат да го користат или да ја отстранат врвката околу вратот. Купените производи исто така може да ги вратат кај трговецот за да се превземат корективни мерки- стои во извештајот на Пазарниот инспекторат.

Фото: Државен пазарен инспекторат

На листата на отстранети производи се и детски комплети кои не е во согласност со стандардот за безбедност на детска облека МКС ЕН 14682. Инспекторатот и нив ги повлекол од продажба. Повлечени се и детски фармерки кои не биле безбедни за децата, летни комплети…Сите се од Турција. Ги има низ цела држава, во Охрид, Струга Струмица.

Но се само децата во опасност од небезбедни производи. Годинава повлечени се и кациги за заштита при работа, електрични бокали, медицински ленти.

Шлемот не штител доволно, не одговар на намената за која се продава, а лентата за подигнување предизвикала несакани реакции. И двете се со потекло од Кина.

-По спроведена истрага , поведена од пријавени инциденти, се укажува на фактот дека како резултат на постојан контакт со кожата, подолго од препорачаното време за употреба и несоодветно отстранување на производот на чувствителна кожа, при несоодветни услови, се појавиле несакани рекации на кожата, како што се црвенило, сувост, чешање, чувство на печење или флеки- стои во извештајот на Пазарниот инспекторат.

Фото: ДПИ

За разлика од годинава кога најмногу се повлекувала облека од пазарот, лани имало отстранување на приближно 11 различни видови модели на играчки од Кина, а причината е што можеле да предизвикаат задушување, објаснуваат пазарните инспектори.

Повлечени се комплети играчки сложувалки, кукли, но и детска облака. Но најголем дел од производите биле од Кина. За една од играчките – куче акробат на батерии – е констатирано дека има мали делови, кои детето може лесно да ги проголта и да дојде до задушување.
Детските сложувалки, инспекторите ги повлекле бидејќи биле без ЦЕ-ознаки и не ги исполнувале одредбите од Правилникот за безбедност на детски играчки од Сл. весник на РМ бр.33/06 и 63/07.

Според податоците на Европскиот глобален портал за отповикување производи, играчките сочинуваат 20 отсто од вкупниот број повлекувања од сите пазари. Затоа постојано се прават  кампањи за подигање на свеста за безбедноста на играчките што се продаваат на интернет. Како што расте е-трговијата, играчките што се продаваат на овој начин се сè поголема опасност за клиентите. Според европската статистика, меѓу 2010 и 2020 година играчките и видеоигрите биле најчесто повлекувани категории производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот