Внесете свежина во спалната – Еве како повторно да ја разгорите страста помеѓу вас и вашиот партнер

Без разлика дали барате идеи за да ги зачините нештата во креветот или пак, само сакате да пробате нешто ново, следен пат фокусирајте се на предиграта и брзо ќе забележите дека нештата стануваат многу позабавни од претходно.

Одложувањето на самиот сексуален акт ќе направи да копнеете еден за друг и крајните резултати ќе вредат за чекањето! Обидете се со овие 4 видови предигра за да ги достигнете најжешките моменти меѓу вас двајца!

1. Носете секси долна облека

Следен пат кога ќе се договорите да одите на вечера во ресторан, облечете нешто секси под вашата вообичаена облека. Не му кажувајте ништо на партнерот се додека не сте во автомобилот, на неколку минути од ресторанот. Тогаш дискретно покажете му што го очекува кога ќе се вратите дома и натерајте го да чека цела вечер за да го види и останатиот дел.

2. Направете игра

Почнете да се бакнувате и да се соблекувате еден со друг, но не дозволувајте си да скокнете веднаш на главниот акт. Обидете се да се мотивирате да издржите што е можно повеќе пред да се предадете и смислете казна за губитникот, односно за оној што прв ќе попушти.

3. Бањајте се заедно

Опуштете се по долгиот ден со пенлива купка или жежок туш заедно со вашиот партнер. На овој начин заеднички ќе ги измиете и сите оние стресови и тензии што се „залепиле“ за вас во текот на денот и ќе можете подобро да уживате во вашето присуство. Додајте свеќи околу кадата за романтична атмосфера или пуштете музика додека се бакнувате под тушот. На спалната соба може да ве чекаат чоколади со кои ќе се засладите по бањата, за дополнително да го одложите сексуалниот чин.

4. Заврзете му ги очите на вашиот партнер

Нештата можат да бидат многу поинтересни ако ги затворите очите на партнерот со вратоврска или марама. Почнете да го/ја бакнувате по вратот, стомакот или кое било друго место, полека симнувајќи се надолу. Ако навистина сакате да го/ја воодушевите, држете ледена коцка во устата додека со бакнежите се спуштате надолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот