ВМРО-Народна партија бара Македонците да се заштитат од мајоризација во тетовската општина

Драган Давидовски, ВМРО-НП Тетово / фото: Глас.мк/принтскрин

Советничката листа на ВМРО Народна партија за Општина Тетово денеска побара поддршка од ВМРО ДПМНЕ и од Социјалдемократскиот сојуз за потпишување декларација кој би ги штитела Македонците од мајоризација во локалната самоуправа, пишува Полошки глас.

Од партијата велат дека ова е последен обид да се издејствува етнички Македонец да биде претседател на Советот на Општина Тетово.

„Предлогот е едноставен: партиите кои во недела ќе освојат советнички мандати, да не учествуваат во конституирањето на новиот општински совет, доколку за претседател на Советот не биде избран советник од победничката македонска партија“, вели Драган Давидовски од ВМРО-НП Тетово.

Давидовски ги повика првите луѓе на локалните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ „да се одважат и да издејствуваат согласност од нивните централни раководства“ за декларацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот