ВМРО-ДПМНЕ на координација ќе одлучува дали ќе даде поддршка на двата предлог закони за основно и средно образование

ВМРО-ДПМНЕ на координација ќе одлучува дали ќе даде поддршка на двата предлог закони за основно и средно образование кои ќе се најдат на седница во понеделник, дознава Слободен печат. Ваквата најава доаѓа откако на синоќешната расправа на собраниската комисија за образование, која траеше речиси до полноќ, не помина ниту еден од 6-те поднесени амандмани.

Членовите од редовите на опозициската партија велат дека амандманите биле конструкутвни и исклучиво за доброто на учениците. Со дел од нив ВМРО-ДПМНЕ бараше Владата да обезбеди компјутери и интернет за сите деца, бидејќи многу од учениците, особено децата од социјално загорезените семејства ја немаат потребната технологија за да можат да ја следат наставата он лајн.

Многу се разочаравме од односот на министерката за образование Мила Царовска, затоа што таа на вака важен ден не остави да ја чекаме два часа, додека таа замина на тв интервју. Во амандманите беа вметнати сите забелешки што ни беа посочувани и од граѓаните, но и од наставниците. Училиштата во голем број средини се без интернет и компјутери. За таа цел треба да се зголемат средствата за образование во општините. На овие забелешки од Царовска очекувавме да даде конкретни одговори, вели Благица Ласовска за Слободен печат.

Власта го одби и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, дневниот ред да се дополни со уште една точка – разгледување на состојбата во образованието од март до август годинава и кој ќе сноси одговорност за пропустите во образовниот процес.

– Зошто владата не донесе уредба по примерот на останатите, учебната година да започне на 15 август, за да се искористи летото и отворениот простор, за да може практично да ги лоцира недостатоците, прашува Ласовска.

Од друга страна, владејачкото мнозинство за Слободен печат вели дека, владата прави се за да може учебната година да стартува успешно, дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ се популистички и дека Законите за основно и средно образование мора да се донесат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот