ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за намалување на акцизата на нафтените деривати

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на владата и предлага сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените.

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%.

Дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат, додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот