ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов лаже дека имаме бугарски државјанства

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира, како што велат, лагите кои Красимир Каракачанов ги објавува на својот фејсбук профил и посочуваат дека ниту еден од посочените функционери на ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош.

„Неговата денешна објава е класична лажна вест. Очигледно дека Каракачанов воден од својата антимакедонска политика има за цел да оцрнува и да фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во Македонија која остро се спротивставува на неговите негации на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонската историја“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека гледаат Владата постојано молчи на неговите провокации, како во случајот со објавата на картата на Санстефанска Бугарија и на редица други навреди и изблици на империјализам својствен за 19. век. Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ е единстевиот политички фактор што се спротивставува на негаторската политика на Каракачанов и затоа тој мора да се служи со лаги.

„Ако Владата молчи, ВМРО-ДПМНЕ не молчи и тоа многу го боли Каракачанов. Но, она кое што е симптоматично е што ваквата објава доаѓа токму во време кога владата на Заев, кој самиот има изјавено дека го смета Каракачанов за пријател, се дави во огромни скандали. Ова покажува дека Зоран Заев освен што е во коалиција со мафијата во Македонија е во блиска коалиција и со сите негаторски и антимакедонски сили. Секогаш кога Заев е загрозен од некој скандал, како што е обидот за коруптивна набавка на вакцини, неспособност да се справи со здравствената и економската криза, падот на рејтингот на СДСМ или кога излегува некоја афера како што е набавката на софтвер од страна на Драги Рашковски, се појавува некој лик како Красимир Каракачанов да му фрли гума за спасување. Оваа гума е од самиот старт издишана и не поминува во јавноста. Лагите кои денес Каракачанов ги лиферуваше на својот Фејсбук профил нема да му помогнат на неговиот пријател Заев. Заев и неговата влада не ги спасува ништо од се поизвесниот крај, ниту спиновите, ниту лагите на Каракачанов“, “, се наведува во соопштението од партијата.

Бугарскиот вицепремиер денеска објави дека на општинските списоци за гласање на изборите во Бугарија има многу имиња кои се исти со имињата на функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Каракачанов откри кои македонски политичари имаат бугарски пасоши и ги повика во Бугарија да се вакцинираат и да гласаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот