ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во времето на СДСМ беше двоцифрена

Доколку граѓаните беа навистина незадоволни од работата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да ѝ дадат толкава и убедлива поддршка на локалните избори. Тоа е најјасната порака од народот дека има доверба во политиките кои носат резултати. Како може токму партијата која со години го оштетуваше државниот буџет за лични и партиски интереси, денес да држи прес-конференции за подобар животен стандард и економија, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Колку е иронично што СДСМ зборува за инфлација кога токму во нивно време државата се соочи со двоцифрена инфлација и економска нестабилност. Наместо да излегуваат со вакви теми во јавноста, за кои народот очигледно не им верува, најдобро би било СДСМ конечно да се посветат на внатрешни реформи, да расчистат со старите структури и да понудат барем трошка кредибилитет пред јавноста, велат од партијата.

ВИДЕО | СДСМ: Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата расте и достигна 4,5 проценти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот