ВМФЛ: „Залетаниот“ Детонит се сопна кај Охрид, Караорман подобар од Кожуф

Фото: ФК Охрид Лихнидос/Фејсбук

Екипата на Охрид Лихнидос славеше со 2:0 против Детонит Плачковица во заостанатиот натпревар од шестото коло во Втората лига, со истиот резултат Караорман славеше кај Кожув во вториот одложен натпревар.

Детонит одлично ја започна сезоната, но сега не успеа да го избегне поразот на охридското крајбрежје. Победата за Охрид ја обезбедија Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески.

Охрид со овој триумф не му дозволи на Детонит да дојде до третото место на табелата, па сега клубот од Радовиш ќе остане на четвртата позиција со 13 бода зад Гостивар кој има два бода повеќе и Воска која е на плус четири. Лидер на табелата е Вардар со 19 бодови. За Охрид ова беше трета победа и со 10 освоени бодови се осми на табелата.

Караорман со победата во Гевгелија против Кожув од 2:0 се искачи на седмото место зад шестиот Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот