Влошена состојбата со воздухот во Индија, затворени сите училишта

Њу Делхи Индија
Загадување на воздухот во Индија/ EPA-EFE/HARISH TYAGI

Властите во индиската престолнина Њу Делхи ги затворија сите училишта и факултети на неодредено време поради влошените нивоа на загаденост на воздухот, јавува Би-Би-Си.

Градежните работи исто така се забранети до 21-ви ноември, со исклучок на сообраќајните проекти.

Затворени се и неколку електрани на јаглен, па во моментов пет од 11 се лиценцирани.

Токсичен чад почна да го задушува Њу Делхи од фестивалот Дивали.

Њу Делхи
Загадениот воздух во Њу Делхи/ Фото Архива на Слободен Печат

Оштетување на белите дробови

Нивоата на ПМ2,5 – мали честички кои можат да ги оштетат белите дробови – во Њу Делхи се далеку над нивоата наведени во безбедносните упатства на Светската здравствена организација.

Во повеќе делови од градот во вторник се забележани бројки близу или повеќе од 400, што е во категоријата „тешко“ загадување.

Бројките меѓу 0 и 50 се сметаат за „добри“, а меѓу 51 и 100 „задоволителни“, според Индексот за квалитет на воздухот (AQI).

Најзагаден главен град во светот

Мешавина од фактори како што се испарувањето од возилата и индустријата, прашината и временските услови придонесоа Њу Делхи да стане најзагадениот главен град во светот.

Воздухот станува особено токсичен во зимските месеци бидејќи земјоделците во соседните држави палат стрништа.

Огнометот за време на фестивалот Дивали одржан во исто време дополнително го влошува квалитетот на воздухот.

Поради слабиот ветер, загадувањето се задржува во долните слоеви на атмосферата.

ФОТО: Њу Делхи обвиен во токсична магла на големиот празник Дивали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот