Вљубеник во пиво и опседнат од секс- главни карактеристики на осoмничениот за убиството на Дугина

Дарја Дугина фото МИА

Русија го идентификуваше вториот осомничен за убиството на ќерката на Александар Дугин, а московските медиуми го прикажуваат како „љубител на пиво опседнат со секс“.

Руската разузнавачка служба (ФСБ) тврди дека Богдан Петрович Циганенко помогнал во подготовката на убиството на Дарија Дугина, ќерка на рускиот филозоф, Александар Дугин кого Западот го смета за главен мотиватор за војната во Украина и „мозокот на Путин“.

Натаија Вовк принтскрин Твитер

ФСБ го обвинува Циганенко дека и дал на Наталија Вовк Шабан лажна лична карта и лажни регистарски таблички и и помогнал да направи експлозивна направа што била поставена во автомобилот на Дарија Дугина.

„Утврдено е дека убиството на Дугина, заедно со Вовк, го подготвувал во Москва уште еден член на украинската диверзантско-терористичка група“, се вели во соопштението на ФСБ , пренесено од рускиот државен медиум ТАСС.

Циганенко е државјанин на Украина, роден 1978 година, кој преку Естонија пристигнал во Русија на 30 јули 2022 година и ја напуштил територијата на Русија ден пред атентатот на Дугина, објави ФСБ, пренесува Јутарњи лист.

Припадник на украинската диверзантско-терористичка група

Така, „Московски Комсомолец“, про- режмски медиуми и голем подржувач на политката на Путин го прогласи Циганенко за „зависник од секс“, пишувајќи дека неговите профили на социјалните мрежи содржат „многу страници и видеа со еротски призвук, кои понекогаш се граничат со порнографија“.

Руската државна новинска агенција РИА објави слики на Циганенко како позира облечен како пират, нарекувајќи го „член на украинска диверзантско-терористичка група“.

РИА пишува дека користел псевдоним на интернет и објавил „многубројни колажи, вклучувајќи статуси како „Секс инструктор“, „Љубовник на пиво“ и „Земи се од Пепси“ (каде шише Пепси се користи за консумирање хашиш), пренесува Дејли Бист“.

Дугинова, 29-годишна ТВ коментаторка, беше убиена кога ноќта на 20 август, додека , под автомобилот што го возела била активирана претходно поставена експлозивна направа со далечински управувач.

И таа и нејзиниот татко, филозоф, писател и политички теоретичар, жестоко ја поддржаа одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да испрати војници во Украина.

Александар Дугин принт скрин Јутјуб

Украинските и западните официјални лица, како и голем број истакнати руски коментатори, веруваат дека експлозивната направа најверојатно била поставена од агентите лојални на Путин, најверојатно поради, како што се наведува критките кои Александар Дугин му ги упатил на рускиот претседател Путин преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

Од друга страна, официјална Москва за убуството на Дугина го обвини Киев и највисокото уркаинско раководство.

дугин експлозија атентат принтскрин Твитер

Спорни регистерски таблички

ФСБ соопшти дека убиството на Дарија Дугина е „подготвено и извршено од украинските специјални служби“ и ја обвини Наталија Вовк Шабан дека го извршила атентатот, а потоа побегнала во Естонија.
Според ФСБ, Вовк во јули годинава пристигнала во Русија со својата дванаесет годишна ќерка и изнајмила стан во зградата во која живеела Дугинова за да може одблиску да ја следи.

ФСБ тврди дека Вовк и нејзината ќерка биле на фестивалот каде што биле Александар Дугин и Дарија непосредно пред убиството.

Според ФСБ Циганенков и дал на Вовк казахстански таблички и казахстански лични документи кои припаѓаат на вистинско лице по име Јулија Заико.

Тие не дадоа никакви детали за тоа како Вовк ги набавила другите регистерски таблички за автомбилот со кој се движела и дали и тие се лажни.

Киев категорично негираше каква било вмешаност во смртта на Дарија Дугина, а естонските власти рекоа дека не добиле никакви официјални барања или прашања од Русија во врска со препеганите Вовков и Циганенко .

 

Жестоки критики на сметка на Путин

Повеќето меѓународни набљудувачи остануваат убедени дека атентатот всушност го извршиле руски агенти кои сакале да го замолчат таткото на жртвата, филозофот Александар Дугин кој упатил јавни критики кон Путин
Имено Дугин на својот налог на социјалната мрежа Телграм напишал дека војната во Украина сега многу поважна од претседателството на Путин со Русија .

Дарја Дугина (заокружена) со нејзиниот татко Александер Дугин (до неа) неколку часа пред да биде убиена во експлозијата во автомобилот / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia
Дарја Дугина (заокружена) со нејзиниот татко Александер Дугин (до неа) неколку часа пред да биде убиена во експлозијата во автомобилот / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

Дугин тврдеше дека војната и „очајниот отпор на атлантско-нацистичкиот режим во Киев“ добиваат „внатрешни информации“ од Русија.

Аналитичарката Екатерина Шулман вели дека изливот на гнев кај коментаторите кои застануваат на страната на Кремљ како одговор на атентатот на Дарија Дугинова изгледа сомнително:

 „Реакцијата беше моментална. Изгледа како да чекаа вакво нешто да се случи“.

Шулман додаде дека убиството „можело да се искористи за да се подигне гневот на јавноста во земјата со цел да се оправдаат уште поактивни репресивни дејствија на државата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот