Влатко Стефановски има со што да се гордее: Јан тргна по неговите стапки

Instagram
Instagram

Со голема радост го поздравуваме излегувањето на новиот албум на нашиот познат гитарист Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Suffle“.

Instagram
Instagram

Стефановски ја продолжува соработката со дискографската куќа „Croatia Records“, на новиот албум тој е придружуван од подмладеното трио. Во нова ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани.

Instagram
Instagram

Албумот, музичарот го посветува на својот град Скопје, на населбата Тафталиџе, маалото каде што живее. А соработката со младите музичари Иван и Јан дополнително носи нова енергија.

Instagram
Instagram

Вчера, Стефановски на својот Инстаграм профил со своите обожаватели и пријатели сподели фотографија со неговиот син, како уживаат на есенското сонце во населбата Тафталиџе.

Instagram
Instagram

Јан, синот на Влатко е име кое допрва ќе одекнува на музичката сцена како кај нас, така и надвор од нашата држава, не затоа што е син на голема музичка ѕвезда туку млад човек кој секојдневно работи на своите замисли.

Од друга страна пак, Јан, постојано објавува свои изведби на тапани покажувајќи го својот талент, својата посветеност и љубов кон музиката, која несомнено ја наследил од својот татко.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот