Фото: Промо

Влатко Лозаноски подготвува спектакл за паметење: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“

Македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано најавува вечер исполнета со силни емоции, врвна продукција и многу љубов. На 7 март, арената „Борис Трајковски“ ќе пулсира во ритамот на неговиот голем концерт „Километри љубов“, музички спектакл што уште сега се најавува како еден од највпечатливите на годината.

„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано.

Организаторите откриваат дека зад проектот стои голем тим кој со месеци работи на сценографијата, визуелните ефекти и целокупната естетика на концертот, со цел публиката да доживее уникатно музичко патување.

Картите за настанот што ветува незаборавна атмосфера веќе се пуштени во продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот