Владо Георгиев: Влезот во Црна Гора ми е забранет поради поддршката за опозицијата – Бев исклучен од колоната возила и на прашањето што се случува ми одговорија „Има нешто…“

Фото: Фејсбук

Пејачот Владо Георгиев изјави дека мисли дека влезот во Црна Гора му е забранет поради неговата поддршка кон опозицијата пред изборите во таа земја кои ќе бидат одржани во недела. Тој наведе дека на границата меѓу БиХ и Црна Гора му било врачено решение, кое се врачува на безбедносно опасни лица, како и дека немал никакво предупредување дека тој евентуално се наоѓа на некоја листа со непожелни лица за Црна Гора.

„Сигурно има врска со мојата поддршка кон опозицијата, тоа можам да го поврзам со твитовите кои ги објавив во последните два-три дена, а се однесуваат на репресија на црногорската диктатура, односно актуелниот режим. Им се придружив на сите луѓе кои мислат дека после 30 години, особено сега на врвот на новонастанатата пропагирана омраза (Демократската партија на социјалистите со претседателот на Црна Гора – Мило Ѓукановиќ) треба да замине во заборав“, изјави Георгиев.

„Едноставно бев исклучен од колоната возила и така бев оставен два часа без никакво објаснување. На прашањето што се случува, ми одговорија „Има нешто…“ Добив искуцано решение кое им се дава на вистинските криминалци кога ќе се обидат да влезат во Црна Гора, а притоа имаат огромно досие и големи кривични дела зад себе“, ја опиша тој случката на граничниот премин Ситница и додаде дека, како граѓанин на Србија, му било врачено решение за странци.

Тој истакна дека „со сето срце е на страната на луѓето кои сакаат промени во оваа ужасна ситуација и еден многу грозен амбиент во Црна Гора“, повикувајќи ги сите во таа земја во недела да излезат на избори и да „заокружат за една од трите навистина добри и квалитетни опозициски листи и повеќе да немаат работа со режимот“.

„И ја посакувам сета среќа на опозицијата и еден фантастичен крај на владеењето на ДПС во Црна Гора“, истакна Георгиев.

Пејачот кој во моментот се наоѓа во Требиње во БиХ, изјави дека случајот му го предал на својот адвокат.

„Сигурно нема да останам нем на ова што се случи. Ова ниту во најлудите соништа не можев да го сонувам, ова е огледало на оваа власт, ова е уште еден показател на омраза која некои се подотвени да ја шират“, порача Георгиев кој патувал во Херцег Нови да ја посети мајка си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот