• влезот

Едно лице повредено во сообраќајка на влезот во Кавадарци од кај Росоман

Едно лице е повредено во судар на трактор и автомобил на влезот во Кавадарци од кај Росоман. Повреденото лице е задржано во Општата болница во Кавадарци, потврдија за МИА од кавадаречката Итна медицинска помош. Полицијата врши увид на местото каде се случила сообраќајката.