Владиниот кабинет е комплетиран, Собранието ја заврши маратонската седница за реконструкцијата

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министерка за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министерка за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.

Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите – по 65 пратеници.

Со тоа беше исцрпен дневниот ред на маратонската 104-та собраниска седница посветена на реконструкцијата на Владата, која започна пред три недели.

Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање, беа избрани во понеделникот пред полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот