Турските власти го прогласија кошаркарот Енес Кантер за терорист

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Турскиот кошаркар Енес Кантер Фридом се наоѓа на листата терористи кои се бараат од турското министерство за внатрешни работи. Владата дава награда од 490.000 евра за секој кој ќе обезбеди информација која ќе помогне во неговото апсење.

Кантер често пати во минатото зборуваше дека е во конфликт со претседателот на Турција, Ердоган и неговиот режим во државата. Сега тој се наоѓа на листата барани терористи, а пасошот му е одземен уште во 2017 година. Тогаш претставниците на турските власти се обидоа да се изборат за негово испорачување од Романија.

„Оваа ситуација е многу опасна. Пред да понудат пари за за мое апсење бев баран од турските оперативци. Сега скоро сите ќе ме бараат поради наградата која е ветена“, изјави 30-годишникот.

Кантер смета дека Ердоган води нехумана политика со заплашување и малтрерирање на луѓе кои не мислат како него. Во слична позиција како Кантер се наоѓа поранешниот фудбалер Хакан Шукур. Последниот инцидент се случи неодамна кога турскиот коментатор Алпер Бакирчигли доби отказ затоа што во ТВ преност за време на Мундијалот го изговори името и презимето на Шукур.

„Не станува збор само за мене, има толку многу невини новинари, академски граѓани, спортисти, активисти и едукатори кои се на таа листа. Сега нивните животи се во опасност поради турските власти. Се надевам дека светот ќе препознае што се случува и ќе му се спротистави на Ердоган“, изјави кошаркарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот